Македонија
22. May 2023 - 16:33

Продолжуваат градежните активности на Водно, општината со ново предупредување до сопственикот на парцелата

На земјоделско земјиште на Водно повторно се гради и покрај интервенција на инспекторите. Дека се во напредна фаза градежните активности сведочи материјалот кој е истоварен во парцелата. Сето ова се случува на среде Словенска патека по која граѓаните се искачуваат до средно водно.

Парк шума водно повторно се претвори во градилиште, бекатон плочки, тампонирана патека, конструкција за потпорен ѕид. Но никаде нема ниту табла ниту ознака што овде се гради. ова земјиште според ДУП И ГУП се води како земјоделско.

Го контактиравме сопственикот на земјиштето за да дознаеме изворно што гради на парцелата, но тој не ни одговори на повикот.

Локалната власт веќе испратила инспектори кои по нашето снимање, го обележале просторот со жолта лента. Инспектори биле на терен и пред десетина дена по дојава од граѓани, но во тој момент не ги сретнале работниците, на земјиштето имало само градежни машини. Сопственикот бил повикан и предупреден дека не смее да гради.

Герасимовски вели, во соработка со министерот за правда бараат начин да се измени законската регулатива, со што општинските инспектори ќе можат да конфискуваат штом ќе утврдат незаконски дејствија.

Актуелните казни за незаконско градење се од 7000 до 12 000 евра .