Фудбал
21. November 2017 - 10:03

Продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите

 
По дваесет дневна пауза, продолжуваат натпреварите во елитната фудбалска Лига на шампиони. 
 
Денеска на програмата се осум средби, од претпоследното 5.коло, во сегментот на групи од Е до Х половината. 
 
Два од осумте натпревари ќе стартуваат во терминот од 18, а останатите во стандардниот термин од 20.45 часот. 
 
Најинтересно ќе биде во Е групата во која три тима кои се борат за двете места кои водат во нокаут фазата, се само во еден бод разлика. 
 
Комплетни двојки за денешните средби во ЛШ

 

Е група: Спартак Москва - Марибор (од 18 часот) и Севиља – Ливерпул (20.45 часот)
Табела: Ливерпул 8 бодови, Севиља 7, Спартак Москва 5, Марибор 1.

Ф група: Наполи - Шахтјор Донецк и Манчестер Сити – Феенорд (20.45 ч.)
Табела: *Манчестер Сити 12, Шахтјор 9, Наполи 3, Феенорд 0.

Г група: Бешикташ – Порто (18 ч.) и Монако - РБ Лајпциг (20.45 ч)
Табела: Бешикташ 10, Порто 6, Лајпциг 4, Монако 2. 

Х група: Борусија Дортмунд – Тотенхем и АПОЕЛ Никозија - Реал Мадрид (20.45 ч)
Табела: *Тотенхем 10, Реал Мадрид 7, Борусија Д. 2, АПОЕЛ 2.

*Обезбеден пласман во нокаут фазата.