Продолжуваат преговорите за пласманот на средствата од унгарскиот заем на стопанството
Преговорите со банките за условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем продолжуваат и викендов, а по постигнатиот договор за рокот за отплата Владата очекува исход со што пониска каматна стапка за кредитниот ризик за стопанството.
По одделните состаноци на Министерстото за финансии со банките во изминатите денови, како и вчерашниот заеднички состанок на банките, од банкарскиот сектор има нова позиција, а премиерот Христијан Мицкоски се надева дека деновиве ќе има и друга позиција.
- Се преговара се уште, не можам да ви кажам колку бараат затоа што имаше една позиција, после денешниот состанок имаме нова позиција, се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција. Се уште траат преговорите, нема да завршат денеска, можеби ќе траат и во текот на викендот. Како Влада сакаме што пониска камата за компаниите. Таа е камата за компаните, не е за нас. Банките почнаа од 3,25 проценти, сега се приближуваме кон нулата, ќе видиме кај ќе стигнеме, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Македонската вечер во рамки на „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Бараат, како што потемцираше, нула проценти затоа што тоа ќе биде каматна стапка за бизнисот. - Сакаме бизнисот да добие што е множно пониска камата стапка, ние рековме овие 3,25 проценти ќе ги плаќаме ние како држава. Можеби финансиската состојба на пазарите ќе биде таква да за две три години издадеме еврообврзница за каматна стапка од 1, или 1,5 проценти, па ќе ја земеме, па ќе го вратиме порано кредитот, тоа е наша одлука како Влада. Ние сега преговараме со банките за онаа каматна стапка што ќе ја плаќаат компаните, односно бизнисот, економијата. Нам ни одговара нула, да не плаќаат, да добијат пари, да вложат во својот бизнис, и потоа да креираат нови работни места итн..., изјави Мицкоски.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска претходно информираше дека се чека конечен одговор од банките за каматата што ќе биде пониска од 3,25 проценти, додека рокот останува и голем дел од банките кажале дека нема проблем за давање до три години грејс период и до 15 години отплата.
- Во однос на каматната стапка, секоја од нив имаше свои предлози. Ги замолив денеска да се договорат и дадат конечен предлог што ќе биде понизок од 3,25 проценти, изјави вчера Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања.
Колку точно ќе платат компаниите кон банките, како што рече Кочоска, ќе кажат банките кога конечно ќе ги пласираат средствата. - Секоја компанија ќе може да отиде кај банка каде што сака и ако и биде одобрено, Развојната банка потоа ќе трансферира пари до таа одредена банка, рече министерката за финансии.
Бизнис секторот во неколку наврати порача дека очекува што е можно поскоро Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит со комерцијалните банки.
Унгарскиот заем е во износ од половина милијарда евра. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот. По гласањето на Законот за заемот во Собранието на 17 септември, на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот, по што почнаа преговорите за условите за пласирање на средствата за стопанството преку комерцијалните банки. Кредитот е со камата од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на отплата.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074
-
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
-
Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Приведен поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски
-
Влада: Се замрзнуваат платите на избраните и именуваните лица
-
Приведени двајца жители на Арачиново кои со закана одзеле пари и мобилен телефон