Македонија
28. December 2020 - 19:52

Професорите од Институтот за национална историја не ја прифаќаат новата концепција

Не стивнуваат реакциите од научната фела за новиот концепт на МОН. Од институтот за национална  историја, овој пат се потпишаа  и поранешни директори, професори во пензија. Во писмото велат дека категорично се против предложениот модел на системско реформирање. Реагираат што ниту институтот за нацинална историја, ниту другите сродни научни институции  воопшто не биле консултирани за подготовка на концепцијата и бараат концептот да биде повлечен.

Беше најавено дека со официјализирањето на Концепцијата, покрај интегрирањето на предметот историја во рамките на предметот „општествени науки", автоматски ќе престанат да важат и учебниците по историја во основното образование. Тоа е недозволиво, особено имајќи го предвид фактот дека историјата на македонскиот народ и нација е директно оспорена од соседите, додека интеграцијата на македонската држава во ЕУ е условена со целосна ревизија на националната историја.

Претходно реагираа сите останатите институти и членови на високото раководство на МАНУ кои сметаат дека оваа реформа се носи во исклучително сензитивен период кога се погласни се оспорувањата на македонскиот јазик, идентитет и историја  од страна на бугарските власти. 

Новиот концепт на 48 страници е објавен на официјалната страна на МОН и е достапен на  5 јазици. Наставниците, професорите и експертите имаат можност до 20 јануари да испраќаат предлози,сугестии, коментари за реформата во основно образование.