Македонија
14. May 2016 - 17:05

Производителоите на печки на пелети ја поздравуваат мерката за субвенционирање

Развој на индустријата,  нови вработувања во фабриките кои произведуваат печки на пелети и големи заштеди за домаќинствата кои ќе се одлучат да се греат со пелети.   Од охридска компанија која произведува  камини  наменети  за европскиот пазар и Русија, очекуваат  зголемена продажба и  во Македонија, по најавениот проект на Груевски,  според кој ќе покрива 70% од трошоците за набавка на печки на пелети,  а ќе се  намали и ДДВ за пелетите. Предностите се од два аспекти.

Првиот се однесува на самите корисници на овие камини, а вториот е заштитата на животната средина, односно овие камини имаат искористеност над 90 проценти, тоа е нивната ефикасност. Пелетите се јаглероддиоксид неутрални, што значи дека тие испуштаат многу малку јаглероддиоксид во атмосферата. Луѓето во Охрид зимно време се почесто користат дрва. Пелетите пред се ни овозможуваат заштита на животната средина. Од друг аспект, камините на пелети даваат голема автомонија, тоа значи дека сами се палат, се гасат имаат автоматско одредување на температурата која ја посакувате во станот, вели Јовановски

Јовановски очекува голем интерес кај домаќинставата за оваа мерка , затоа што субвенцијата ќе изнесува максимум 30 илјади денари, што е голема ставка од цената на камините. Најавеното намалување на ДДВ то ќе овозможи и пониска цена за овој тип затоплување

Тонско Самото намалување на 5 проценти на ДДВ-то на пелетите ќе овозможи пониска цена на пелетите, а со тоа и пониска цена на греењето. Оваа мерка е доста позитивна и мислам дека ќе влијае и на зголемување на вработените во индустријата, односно во фабриките како нас, кои произведуваме вакви тела. Ќе влијае во трговијата на пелети, на камините и во услужниот сектор, нагласува менаџерот на компанијата „Еко Спар“.

Мерката се очекува да стапи на сила од 1 јануари 2017 та година и ќе се применува до 2020 та.