Македонија
19. December 2017 - 8:41

Променливо облачно со повремен снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремен снег, особено во североисточните делови на земјава. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Температурата ќе се движи од минус еден до пет степени. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе достигне три степени. 

Според УХМР, следува период на суво и студено време со ниски утрински и дневни температури.