Македонија
27. јуни 2018 - 8:40

Промоција на книгата „Европа нашиот заеднички дом“ од Жан Моне

По повод 25-годишнината од дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Република Франција денеска на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА ќе се одржи промоција на специјално издание на книгата „Европа нашиот заеднички дом“ од Жан Моне.

Пригодни обраќања на промоцијата се најавени од ректорот на Универзитетот Јордан Плевнеш, од францускиот амбасадор Кристиан Тимоние, кој е и автор на предговорот на изданието, како и од преведувачката на делото Лилјана Котевска - Плевнеш.

На промоцијата химната на Европа - Одата на радоста ќе ја изведе на пијано Дарко Мариновски, декан на Факултетот за применета музика, а фрагменти од делото ќе чита Андреј Серафимовски, актер од класата на проф. Мето Јовановски.