Македонија
16. May 2016 - 18:22

Промовиран новиот систем за присилно запирање

Полицијата со стингери ќе спречува прекуграничен криминал.Од МВР демонстрираа како со новиот систем присилно ќе можат да спречат да побегне возило. Откако осомничениот се спротистави да го запре возилото на знакот од полицијата, тие го пуштија стингерот кој веднаш му ги дупнаа предните  гуми на автомобилот  и на тој начин присилно беше запрен.

Обука за новиот систем за присилно запирање или т.н пресретнувачи се одржува во сите сектори за внатрешни работи во државата. Стингерите се дел од проектот финансиран од ЕУ за обука на униформирани полициски службеници за контрола и безбедност во сообраќајот.

Стингерите се дел од безбедносниот систем кој се употребува во западните земји. Кај нас се наметнува како неопходно средство поради зачестените случаи на илегален транспорт на мигранти при што криумчарите или шверцерите ги игнорираат командите на полицајците и се обидуваат да избегаат по секоја цена.