Македонија
13. November 2020 - 16:52

Пронајден и уапсен Агим Исмаиловиќ, обвинет за случајот „Монструм“

Пронајден е Агим Исмаиловиќ кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“. Полицијата го приведе и спроведе во затворот во Шутка.

Одреден му е притвор во времетраење од 30 дена. 

Исмаиловиќ утринава се појави во Кривичен суд, пред одлуката на обвинителката Фатиме Фетаи која побара притвор за него и за Фејзи Азири, Исмаиловиќ ја напуштил судската зграда, но кратко потоа е пронајден и спроведен во КПУ во Шутка.