Македонија
7. May 2020 - 14:27

Пронајдена е мајката на актерката Тања Кочовска

Актерката Тања Кочовска, пред малку објави на социјалните мрежи дека нејзината мајка, Невенка, е пронајдена и дека се наоѓа дома. Таа се заблагодари на помошта и хумноста на луѓето.

Претходно, Тања објави дека нејзината мајка Невенка Кочовска, која боледува од Алцхајмер, утрината излегла околу 9 и 30 и сѐ уште не била вратена, па загрижена, таа побара помош на социјалните мрежи. Нејзиниот апел веднаш беше споделен повеќе пати.

Инаку, Невенка Кочовска за повозрасните генерации, но и за оние што знаат нешто за Мањифико, ја знааат како неразделен дел на оваа музичка група, зааедно со нејзиниот сопруг.