Македонија
14. January 2019 - 14:51

Пронајдена е малолетната кичевка пријавена за исчезната

Пронајдена е 15-годишната кичевка по која трагаше полицијата по пријава од нејзината мајка.

Како што известува портпаролот на СВР -Охрид Стефан Димоски, девојчето синоќа било пронајдено околу полноќ.
 
-На 13 јануари оваа година, во 15 часот и 15 минути во полициската станица во Кичево, У.С.44 годишен од Кичево пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка исчезнала. Полициската станица Кичево презела мерки и малолетничката била пронајдена синоќа околу 00.00 часот, изјави Димоски.