Македонија
11. јуни 2021 - 10:25

Пронајдена марихуана кај 17 годишен тетовец

Синоќа во 21.40 часот на ул.„Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 17-годишник од с.Требош, тетовско, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана, информираа од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.