Македонија
4. November 2019 - 11:03

Пронајдена марихуана, уапсени двајца скопјани

Денес во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Тодор Александров“ го привеле Ф.Д.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Вчера во 16.15 часот полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода С.Н.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.