Македонија
14. October 2018 - 11:43

Пронајдена неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна во битолско

Во текот на вчерашниот ден во 13:22 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Гермијан, битолско, при изведување на градежни работи во близина на мостот, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од 105мм со потекло од Првата светска војна.

Гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спаување Битола за понатамошна постапка.