Македонија
13. April 2021 - 11:17

Пронајдени 100 пакувања со кокаин и 9 со марихуана во „хамер“ на тетовец

Министерството за внатрешни работи на 12.04.2021 во 23.00 часот на паркинг од фирма во с.Порој, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово - Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.Б.(31) од с.Порој, тетовско.

- При преглед во патничкото моторно возило „хамер“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 100 пакувања различна големина кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона, а притоа се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници, соопштуваат од МВР.

Лицето е приведено во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење и по целосно документирање на случајот, на А.Б. ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.