Македонија
21. December 2017 - 13:40

Пронајдено возилото од кое вчера беше убиен 24 - годишниот Бурим Идризи во Чаир

Полицијата го пронашла автомобилот Југо, од кој вчера вечер засега непознат напаѓач пукаше и го уби 24-годишниот Бурим Идризи.

Автомобилот бил  пронајден на улицата "Никола Малешевски" во населбата Топана во Чаир.

Мотивите на убиството сè уште не се познати.