Бизнис
21. March 2019 - 16:03

Просечната плата на програмерите се намалила за 300 евра само за еден месец

Просечната плата на програмерите се намалила за 300 евра само за еден месец. Лани во декември просекот во овој сектор изнесувал 75.546 денари. Еден месец подоцна тој се намалил на 56.664 денари.

Ова намалување повлече пониска просечна плата и на државно ниво за 1267 денари во јануари споредено со декември.

Позначителен пад има во преработувачката индустрија каде работат најголем број од македонските работници. Таму намалувањето изнесува 1.300 денари. Просекот во декември бил 21.427 денари, а во јануари 20.128.

Од Министерството за финансии велат дека платите кај програмерите во јануари годинава биле за 7% повисоки од ланскито јануари, а просечната државна плата се зголемила за 2 отсто.

Минатата 2018 година имаше просечен раст на платата од 5.6%. Што се однесува на разликата во месеците станува збор за сезонска флуктуација односно секогаш просечната плата во месец декември е повисока во однос на јануари. Затоа овие податоци не се споредливи. За нас е важно дека платите растат и тоа останува приоритет на економските политики на Владата, велат од Финансии.

Зголемување на просечната плата од 50 евра за еден месец бележи енергетскиот сектор важи за омилен за вработување на функционерските роднини.