Македонија
10. November 2018 - 19:45

Протест на струмичани против рудникот Иловица

Граѓанската иницијатива Здрава Котлина повторно побара стопирање на изгрдбата на рудникот за бакар и злато Иловица -  Штука. Преку мирен протест и двочасовна блокада на една од главните улици на влезот во Струмица порачаа дека се против рудник во струмичката котлина. Од владата и сите надлежни институции побараа одземање на концесијата и конечно решавање на овој проблем. Според нив  работењето на концесионерот е нелегално и имало основ за одземање на концесијата.

На денешната блокада и протестот  реагираа од компанијата Еуромакс Ресурсис кои се концесионери на рудникот за бакар и злато Иловица Штука. Во писмената изјава наведуваат дека  ги  поддржуваат сите невладини здруженија и активности организирани согласно домашната законска регулатива и ја поздравуваат секоја активност која се залага за заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Но, според нив тоа  тоа не мора да биде на сметка на добросостојбата и просперитетот на локалната заедница. Од Еуромакс додаваат дека  остануваат  отворени за комуникација со сите засегнати страни.