Македонија
6. December 2019 - 19:35

Протест на студентите од Охрид

Студентите  од Универзитетот за информатички науки  и технологии „Свети Апостол Павле реагираат на предлог законот за измена и трансформација на универзитетот доставен од осуммина пратеници.Тие велат дека дека на овој начин доаѓа до директно прекршување на правото на студентот редовно да напредува ,да се образува и да го заврши студирањето под услови кои важеле при уписот и најавија масовни протести доколку собранието го усвои предлог законот..

Студенското Собрание при Универзитетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство “Свети Апостол Павле” Охрид достави Петиција против предлог-законот до Собранието и координаторите на пратеничките групи, Владата и  МОН.