Македонија
18. September 2019 - 12:46

Протест на здравствените работници - Стоп на насилството или нема работа

Голем број здравствени работници од скопските клиники за време на паузата излегоа на предупредувачки протест- Стоп врз насилството на здравствените работници.

Протестот беше во организација на Асоцијацијата на специјализнти и млади лекари, за поводот беа неколкуте напади минатата недела врз медицински лица.

Од надлежните побараа полициско обезбедување на повеќе клучни здравствени устснови, унапредување на односот лекар - пациент и побрзо донесување на Законот за докторска дејност.

Доколку не наидат на разбирање и брзо надминување на овие состојби, најавија дека следниот протест нема да биде предупредувачки туку ќе трае, а здравствените раборници нема да бидат на работните места.

Иако барањата се до Министерството за здравство, на протестот во бел мантил дојде и министерот Венко Филипче.

Вели дека овие состојби со насилство врз здравствените раборници не смеат да се толерираат.

Филипче најави професионално обезбедување и полициско патролирање кај некои здравствени установи.