Протестен марш во организација на братот на Ел Чека
Со транспарент „Меѓународна истрага за монтираните случаи од 2002“, група граѓани денеска излегоа на протестен марш низ улиците на Скопје, организаран од братот на Ел Чека, Блерим Ахмети.
Протестниот марш почна од паркот во Чаир, од каде демонстрантите се упатија кон зградата на Собранието, каде попладнево собирот заврши.
Блерим Ахмети, братот на Ел Чека изјави дека ДУИ „речиси 20 години се пазари на грбот на народот, продавајќи ги националните интереси за партиските“.
Тој истакна дека бараат „меѓународна истрага за монтираните процеси“, бидејќи, како што рече, потфрлил правниот систем на оваа држава, при што најави дека протестите ќе продолжат се до остварувањето на нивните барања.
Јетула Ќерими, брат на Реџаил Ќерими, кој е осуден на доживотен затвор за убиство на припадник на специјалната единица „Алфа“, од протестот му упати неколку прашања на претседателот на ДУИ, Али Ахмети околу тоа „зошто ниту еден случај на убијци на војниците на ОВК не се расветлувал“. – Како е можно невини луѓе, како во случајот Сопот, со децении да се по затвори, додека функционери мирно седат во нивните фотелји и не го креваат својот глас против неправди, изјави Ќерими.
Претседателот на Здружението на политички затвореници, Шпетим Положани истакна дека сите затвореници кои делата за коишто се осудени ги извршиле од политички мотиви, треба да се третираат како политички затвореници. Тој тврди дека многу судски случаи по 2002 година „се монтирани и фабрикувани“, бидејќи, како што рече, сите обвинети се осудени со скриени сведоци, без професионална експертиза и без сослушување на сведоци предложени од одбраната.
Положани истакна дека и од овој, како и до претходните процеси, бараат преиспитување, на како што рече, „монтираните случаи“ со вклучување на меѓународниот фактор со цел „вистината да излезе на виделина“.
– Сите заедно да ангажирате адвокат и да ја тужите државата пред надлежните органи поради сегрегација и дискриминација. Дванаесетти април не е многу далеку, па Албанците треба да размислат и да не го продаваат своето достоинство за шише масло или 50 евра, затоа што со продавањето на својот глас си ја продаваат иднината на своите деца, рече Положани.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање