Протести во Брисел поради новите рестриктивни мерки
Илјадници луѓе присуствуваа на денешниот протест во центарот на Брисел поради заострените рестриктивни мерки на белгиската Влада за сузбување на ширењето на Ковид-19.
Владата на Белгија во петокот, третпат по ред, најави заострување на епидемиолошките мерки по зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19.
Демонстраните извикуваа „Слобода, слобода“ и носеа транспаренти на кои пишуваше „Обединети за нашата слобода, за правата и за нашите деца“.
Премиерот на Белгија, Александер Де Кро на 3 декември најави дека градинките и училиштата ќе бидат затворени една седмица пред празниците, потоа децата до шест години задолжително да носат маски, а на настаните во затворен простор ќе можат да присуствуваат максимум 200 луѓе.
Според неделниот просек во Белгија дневно се пријавуваат 17.862 новозаразени лица, што е зголемување за шест отсто во однос на претходната седмица. Бројот на примени во болница е зголемен за четири проценти. Повеќе од 3.700 луѓе заразени со Ковид-19 се хоспитализирани, од кои 821 лице се на интензивна нега.
Од почетокот на пандемијата во Белгија регистрирани се 27.000 смртни случаи.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени