Протести во Франција поради најавената пензиска реформа
Во Франција денеска повторно се очекува бран протести поради најавената пензиска реформа со која се предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, а штрајкот што е во тек веќе влијае на производството на струја, јавниот превоз и наставата во училиштата.
Синдикатите, кои закажаа протести низ целата земја, очекуваат голем одѕив, како оној на 19 јануари, кога над милион луѓе излегоа на улиците.
Производството на струја е помало за 4,4 отсто, односно 2,9 гигавати, бидејќи во штрајкот учествуваат вработените во термоцентралите и нуклеарните централи, соопштија од енергетската компанија ЕДФ.
Само еден од трите француски брзи TGV возови работи денеска, регионални и локални возови има се помалку, а париското метро работи со многу ограничувања.
Половина од наставниците во основните училишта, според нивниот синдикат, ќе се приклучат на штрајкот, а со работа ќе престанат и вработените во нафтената индустрија.
Нафтената компанија „Тотал Енерџи“ најави дека нејзините производи нема да се транспортираат поради протестите, но истовремено потенцираа дека бензинските пумпи се добро снабдени.
„Реформата е брутална и неправедна“, рече претседателот на синдикатот на државните службеници УНСА, Лик Фаре, додавајќи дека пензиската реформа претставува „чекор наназад во социјална смисла“.
Според анкетите, мнозинството француски граѓани се против пензиските реформи предложени од претседателот Емануел Макрон и неговата Влада, но засега ниту една страна не покажува намера да отстапи.
Ново на Сител
-
Тенисери местеле за 400 до 2000 евра
-
МОТО ГП: Започнува новата сезона
-
Аргентинците го поздравија рекордот на Меси
-
Во Србија зголемена цената на патарините
-
Беира Салифова, со целосно оштетен вид, го одбрани првиот дипломски труд на Брајово писмо во Македонија
-
Мицкоски: Мојот став за уставни измени е јасен, а Ковачевски нека каже кој е ставот на Груевски
-
Стотици луѓе евакуирани поради шумски пожар во Кастељон во источна Шпанија
-
Мицкоски: Планот за 2023 на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се 748 капитални проекти во вредност од 70 милиони евра