Loading Video...
Ракомет
6. October 2019 - 15:11

Прв пораз на Еурофарм Работник во СЕХА лигата

Ракометарите на Еурофарм Работник го претрпеа првиот пораз во регионалната СЕХА лига 
 
Битолската екипа на гостувањето кај хрватскиот првак ППД Загреб загуби минимално со еден гол разлика 24-23. . 
 
Целиот меч мина во рамноправна игра во која двата тима имаа свои подобри приоди. Сепак. Избраниците на тренерот Стефче Алушовски не успеаја да го сочуваат максималниот учинок од изминатите три кола, па на крајот мораа да се помират со првиот пораз. 
 
Сега Еурофарм кој остана на 9 бода, е на 2.место на табелата во Б групата во која прво пласираниот Веспрем има 12 бодови, но и со средба повеќе, додека ППД Загреб сега е трет со 6 бода. 
 
Битолскиот тим од Хрватска заминува за Белорусија односно во Брест, каде веќе во вторник ќе го игра натпреварот против  Мешков.