Loading Video...
Кошарка
14. јуни 2019 - 15:10

Прв шампионски трофеј за Торонто во НБА лигата

Канадскиот тим  Торонто ја слави првата шампионска титула во НБА лигата. 
 
„Рапторси“ синоќа забележаа триумф над бранителот на трофејот Голден Стејт со 114-110 со што ја завршија финалната серија со 4:2 во победи. 
 
Каваи Ленард во оваа победа на Торонто постигна 22 поени, со што само потврди дека заслужено го освојува признание МВП на финалето што е второ за него во кариерата откако во 2014 година го предводеше Сан Антонио до титулата. 
 
Со тоа Ленард им се приклучи на легендарните Леброн Џејмс и Карим-Абдул Џабар како третиот играч кој освоил МВП награда во финалето со два различни клуба.
 
Силен белег на последниот финален меч остави и новиот пех за „Вориорс“. Откако го загубија Кевин Дурант, рековалесцент беше и Демаркус Казнс, на последниот меч со тешка повреда на коленото се здоби и Клеј Томсон кој мечот го заврши во третиот период со постигнати 30 поени. 
 
Томсон како и Дурент ќе паузира најмалку шест месеци, бидејќи одличниот шутер ќе мора да направи операција на вкрстениот лигамент на левото колено, иако по самата повреда тој инсистираше да го продолжи мечот, но лекарскиот тим не го дозволи тоа.  
 
На тој начин Торонто стана 20-тиот тим кој успеал да го освои шампионскиот трофеј во НБА лигата.