Кошарка
15. February 2016 - 8:10

Прва лига: Куманово поуспешен од Карпош Соколи

Кошаркарите на Куманово постигнаа победа синоќа на гостувањето кај Карпош Соколи во дуелот од 17.коло од Првата кошаркарска лига. Кумановчани со овој триумф ја намалија бодовната разлика во однос на вториот на табелата Карпош Соколи. Гостите победија со 94:90 (19-15, 22-25, 23-21,26-33).

Најефикасен на натпреварот беше Шепа од К.Соколи со 21 поен, додека кај Куманово Ракочевиќ постигна 20, Трајковски 19, Костоски 18.
На другите дуели од 17.коло: Струмица - Кожув 74:90 и Фени Индустри 93:74.
Утре се игра дуелот меѓу Работнички и МЗТ Скопје во салата „Градски парк“ со почеток во 19 часот.
Табела: МЗТ Скопје 31 бод, Карпош Соколи 30, Куманово 29, Фени Индустри 27, Кожув 25, Работнички 22, Струмица 20, Бест 17.