Свет
12. December 2016 - 20:13

Прва забрана за неонацистички движења во Велика Британија

Неонацистичкото движење „Национална акција“ е првото во Велика Британија кое ќе биде забрането врз основа на законот за борба со тероризмот. 

Британската министерка за внатрешни работи Амбер Руд изјави дека тоа движење е „расистичка, антисемитистичка и хомофобична организација“, јави „Би-Би-Си“. 

Одлуката за забраната ќе биде потврдена во петок во парламентот. 

Според законот, министерот за внатрешни раобти во Велика Британија има право да забрани одредена организација ако верува дека таа „предизвикува загриженост во врска со тероризам“.