Македонија
12. September 2018 - 10:54

Првиот ден на Јом Кипур неработен за еврејската заедница во Македонија

Првиот ден на Јом Кипур (19 септември-среда) е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. 

Овој ден е прогласен за неработен за граѓаните од еврејската заедница согласно Законот за празници на Република Македонија.