Македонија
24. May 2020 - 19:51

Првиот пациент со трансплантирано срце во земјава се чувствува добро и закрепнува

Ден по успешната трансплантација на срце 54-годишниот Иван Огњановски е свесен и се чувствува добро. Тимот лекари кој ја изврши првата успешна операција од ваков вид, утрово информираше дека следува најважниот период од неговото закрепнување во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган.

За неговата состоја телефонски бил известен и неговиот син Васил кој поради строгите протоли за заштита од корна вирусот се уште немал можност да го посети својот татко. Откако спласнаа емоциите, Васил се приклучи и кон апелите на докторите, граѓаните да бидат свесни дека со донирање органи можат да се спасат многу животи.

Васил накусо раскажува дека целата неизвеснот дали неговиот татко ќе добие втора шанса за живот траела цели 2 месеци. Денеска песимизмот е зад нив, благодарение на хуманоста и свеста на семејството на Емилија, со кое Васил очекува да се запознае многу скоро.

Засега Васил вели дека нема информации колку време ќе трае рехабилитацијата на неговиот татко, но најважно е што желбата да продолжи со живот е огромна и токму тоа голема радост за сите во семејството.