Македонија
26. December 2018 - 11:15

Првоодделенците од општина Бутел добија новогодишни пакетчиња

Првоодделенците од седумте основни училишта во општина Бутел денеска добија новогодишни пакетчиња.

Од општината информираат дека биле поделени 1.000 пакетчиња, а градоначалникот Велимир Смилевски им посакал среќни и весели празници.

За првоодделенците била организирана и новогодишна претстава „Во светот на бајките“ во големата сала на општината.