Фудбал
22. January 2016 - 15:15

ПСЖ - Анжи во дербито од Лига 1

 
 
 
 
Во фудбалското првенство на Франција, денеска со мечот Рен – Ајачио ќе започне 22.коло во Лига 1.
 
Дербито од оваа рунда ќе се игра утре од 17 часот кога на „Паркот на принцовите“ лидерот и актуелен првак Париз Сен Жермен ќе го пречека најпријатното изнанадување сезонава тимот на Анжи кој е на третото место на табелата. 
 
На останатите натпревари кои ќе се играат утре од 20 часот се среќаваат: Лил – Tроа, Нант – Бордо, Ница – Лориен, Гингамп – Бастија и Монпеље – Кан. 
 
За во недела закажани се натпреварите, Монако – Тулуз, Ремс – Сент Етијен и дуелот на двата Олимпика во кој Лион ќе биде домаќин на  Марсеј. 
 
Табела: 
ПСЖ 57 бодови, 
Монако 36, 
Анжи 34, 
Ница 33,  
Сент Етијен 32, 
Рен 31, 
Кан 30, 
Олимпоик Марсеј 29, 
Олимпик Лион 29 ...