Фудбал
5. February 2017 - 12:28

ПСЖ го оддржува чекорот со Монако

 Шампионот на Франција, Париз Сен Жермен, го оддржува чекорот со лидерот на тебалата во Лига 1, Монако во трката за шампионскиот трофеј. 
 
Откако Монако го доби дербито против Ница со 3-0, екипата на Париз Сен Жермен славеше победа на гостувањето кај Дижон со 3-1, со што „светците“ сега се на второто место на табелата, со 3 бода помалку од Монако, а идентични 49 како и трето пласираната Ница.
 
На останатите натпревари од 23.коло, кои се одиграа синоќа беа постигнати овие резултати: Бордо – Рен 1-1, Гингамп – Кан 0-1, Лил – Лориен 0-1 и Монпеље – Бастија 2-1. 
 
Денеска на програмата се уште три средби и тоа: Тулуз – Анже, Нант – Нанси и Сент Етјен - Олимпик Лион. 
 
Табела: Монако 52 бодови, Париз Сен Жермен 49, Ница 49, Олимпик Лион 37 (-2 натпревар помалку), Сент Етјен 33 (-1), Олимпик Марсеј 33, Бордо 33,...