ПСЖ призна: Нејмар може да замине, разговаравме со Барса
Непојавувањето на Нејмар на првиот собир на Пари Сен Жермен очигледно даде резултат, бидејќи го принуди раководството да признае дека се разговара за разделба со него. Тоа е токму желбата на Бразилецот кој веќе неколку недели презема цврсти чекори за да се врати во Барселона.
Сега, спортскиот директор на парижаните, Леонардо, призна дека на Јужноамериканецот нема да му прават проблеми да си замине, но тоа ќе се случи само при примамлива понуда. Тој, исто така, откри дека има веќе контакти со шпанскиот шампион.
– Нејмар може да го напушти ПСЖ, ако стане збор за понуда која ги задоволува сите страни. Веќе имаше иницијален контакт со Барселона, но беше само површен, изјави Леонардо за „Паризиен“ и продолжи со сензационалните откритија.
Всушност, неговите зборови ги потврдуваат сите вести од минатиот месец за желбата на Нејмар да си замине час порано.
– Не можам да ви кажам точно за што разговаравме со играчот, но од нашите разговори со него и со неговите најблиски кругови веќе имаме јасен и цврст став за тоа какви се неговите намери. Не можам да ви кажам нешто повеќе за оваа тема. Јас само ќе речам дека има договор за уште три години со нас и бидејќи не сме добиле официјална понуда, не можам да разговарам за оваа тема, рече Леонардо за француското издание.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари