Живот
4. јуни 2017 - 14:56

Птиците и пчелите имаат совесност како и луѓето

Луѓето не се единствени суштества кои имаат работна етика и чувствуваат одговроност.

Истражувачите од Калифорнискиот универзитет во Беркли открија дека инсектите, птиците, рептилите, рибите и други животни исто така се одликуваат со совесност. 

При прегледување на речиси 4.000 студии за однесувањето на животните, психолозите од Беркли, Мајкл Делгадо и Френк Саловеј, следеле одредени однесувања кај некои животни, како што се вредност, истрајност, внимателност и самодисциплина.

Како и кај луѓето, совесноста кај животните која вклучува трудољубивост, обрнување на внимание на детали и обид да се направи правилната работа, донесува разни предности во ловот и собирањето храна, привлекувањето партнер, размножувањето и во одбрана од напаѓачи.

- Пчелите работници кои ги отстрануваат остатоците од угинатите пчели од своите кошници имаат поголемо потомство, а птиците кои своето гнездо го држат уредно, помалку се подложни на напади, вели Делгадо.

Тој исто така истакнува дека пеењето кај птиците е клучно за успех во парењето.

Кај некои видови птици женката бира мажјак кој изградил најдобро гнездо и тоа на локација која е скриена од напаѓачи.

Некои претходни истражувања утврдиле постоење на отвореност, екстраверзија, пријатност и невротицизам кај животните, но првпат дга се утврдува и постоење на совесност во животинското царство.

Делгадо смета дека причина за тоа е премногу тесно дефинираниот поим за совесност на кој се гледало само како на човекова особина, темелена на емоции, намери и морал.