Свет
13. January 2020 - 16:36

Пуџдемон денеска присуствува на својата прва седница на ЕП како европратеник, иако е бегалец од правдата во Шпанија

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон денеска за првпат присуствува на седница на Европскиот парламент како европратеник, и покрај тоа што во својата матична земја – Шпанија се сосочува со наредба за апсење.

Пудџемон е одлучен ЕП да го искористи за продолжување на неговата политичка борба за отцепување на Каталонија од Шпанија, пренесуваат американските медиуми, истакнувајќи дека местото во ЕП му дава имунитет.

„Пуџдемон за претседател“ извикуваа неколкуте стотици приврзаници кои веја каталонски знамиња додека го чекаа Пуџдемон при доаѓањето во парламентот во Стразбур.

Тој во зданието дојде заедно со европратеникот и поранешен каталонски министер Тони Комин.

Двајцата се барани во Шпанија заради нивната улога во нелегалниот обид на каталонската Влада и сепаратистичките пратеници да ја отцепат оваа покраина од отстатокот на Шпанија во 2017 година.

Двајцата побегна во Белгија откако не им успеа обидот за отцепување и во мај минатата година беа избрани за европратеници како претставници на каталонските сепаратистички партии од Шпанија.

Највисокиот суд на Европската унија  минатиот месец ја укина одлуката со која на Пуџдемон и Комин им се забрануваше да ги заземат своите места во Европскиот парламент.