Македонија
4. October 2019 - 16:20

Пукање попладнево во Скопје, еден повреден

Вооружена престрелка во Скопје,  едно лице повредено.Вооружена престрелка се случи попладнево на улица Ордан Чопела.

Според информациите од МВР  во  15 и 45 од стара градска болница Свети Наум охридски е пријавено до нив  дека е донесено повредено лице.

Службите на МВР се излезени на терен. Најавија повеќе информации по зваршување на увидот.

Ирена Чачкова