Македонија
14. January 2021 - 14:44

Пукање во Скопје, најмалку две лица повредени

Најмалку две лицa се повредени во денешниот инцидент во Скопје во кој било користено и огнено оружје.

Според информации на Сител во моментот на еден од повредените на околу 30 годишна возраст му се изведува хируршки зафат.

Имал огнострелна рана во пределот на стомакот. Другиот повреден поради сериозноста на повредите веднаш бил префрлен во Клиничкиот Центар Мајка Тереза.

Повеќе детали од МВР најавија за подоцна. 

 

Александар Динев