Македонија
21. February 2021 - 16:03

Пукање во скопски локал помеѓу две групи, повредени нема

На 20.02.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје, пријавено е дека во локал на ул„БиХ“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на гости во локалот по што од огнено оружје биле испукани неколку куршуми. Извршен е увид на местото на настанот при што пронајдени и подигнати се две чаури и еден фрагмет од проектил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.