Македонија
18. April 2020 - 12:32

Пукање во Студеничани, нема повредени

Во полиција вчера околу 16.00 часот е пријавено дека на сретсело во село Студеничани, во близина на Општина Студеничани, по претходна вербална расправија, А.Ш.(28) од село Студеничани, кој бил со патничко возило „рено“, од возилото испукал еден проектил од пиштол кон возило „ауди“, во кое биле А.Р.(21) и Б.А.(27), и двајцата од село Студеничани, а непосредно до возилото стоеле и И.И.(44) и таткото на сторителот, А.Ш.(55).

Повредени лица нема, информираат од МВР. Од проектилот скршени се двете задни странични стакла од патничкото возило „ауди“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.