Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
Албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук објави отворање на нов патен правец меѓу Косово и Албанија во пограничниот регион Хас, во Североисточна Албанија.
Рама објави фотографии од новиот пат Добруна-Блиниште, додавајќи дека неговата изградба е резултат на обврската преземена на заедничката средба меѓу владите на Косово и Албанија.
– Отворен е патот Добруна-Блиниште, Хас, на границата Албанија – Косово. Обврска преземена за време на заедничката средба меѓу Владата на Албанија и Владата на Косово, која веќе ги зближува нашите две земји не само физички, туку и економски преку олеснување на движењето на граѓаните од двете страни на границата, напиша Рама.
Патот поврзува села од областа Гора од двете страни на границата. Шест села се од албанска страна и територијално припаѓаат на округот Кукс. Селата во југозападно Косово се во општините Призрен и Драгаш.
Главен граничен премин меѓу двете земји е Морина – Врмица, која го поврзува албанскиот град Кукс со косовскиот град Призрен.
Од минатиот месец, во период од 9 месеци, како и за сите празници и викенди, албанските и косовските граѓани минуваат без контрола, врз основа на договорот меѓу министерствата за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?