Бизнис
14. April 2016 - 11:33

Пуштена водата од Хидросистемот Брегалница

Водостопанство на Македонија подружница „Брегалница“ од Кочани од денеска започна со испорака на вода од Хидросистемот „Брегалница“ низ атарите на полињата во Кочанско.
 
Први вода денеска добија површините  подготвени за сеидба на ориз во атарот на селата Прибачево и Грдовци.
 
- Според договорот со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, водокорсничките здруженија, Месните заедници и Водостопанство на Македонија, од денеска ги пуштаме водите на Хидросистемот „Брегалница“ по десниот магистрален канал. Денеска вода ќе добијат полињата во атарите на селата Прибачево и Грдоовци,а од утре и полињата во Кочанско и Оризарско. За два дена ќе биде пуштена водата во Виничко а за десетина дена и во атарите на Штипско, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство од Кочани.
 
Тој информираше дека пролетва ќе бидат наводнувани 9.000 ха во атарите на општините Виница,Кочани,Штип и Свети Николе,од кои 5.000ха под ориз.Во Кочанско површините под ориз годинава зафаќаат 3500 ха што е за 1.500 ха повеке од минатата година.
 
Што се однесува до акумулираните количини на вода, во акумулацијата Калиманци ги има доволно за извршување на целата наводнителна сезона, а на располагање стојат и водите во акумулацијата Градче.
 
Според Гоцев, радува фактот што поголемиот дел од земјоделците веќе склучиле договор со Водостопанство од Кочани за испорака на вода во годинешната наводнителна сезона, со што се обврзуваат и да си го подмират долгот за искористената вода. Ова, вели Гоцев, е разултат на двонеделните средби со земјоделците на терен и објаснувањето на значењето на користењето вода,субвенциите од државата и наплатата на водниот надоместок.