Свет
1. March 2018 - 12:33

Путин: До 2024 година двојно ќе ја намалам сиромаштијата во Русија

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска во годишниот говор за состојбата на нацијата изјави дека Русија треба двојно да ја намали сиромаштијата во следните шест години.

- Мораме да решиме една од клучните задачи во деценијата која доаѓа - да обезбедиме сигурен, долгорочен раст на реалните приходи на граѓаните и за шест години, да ја намалиме сиромаштијата, истакна Путин. 

Тој додаде дека системот за социјална помиш треба да се заснова на „принципите на праведност и целисходност“.

- Помошта треба да биде обезбедена за тие граѓани и семејствата на кои навистина им е неопходна, посочи Путин, додавајќи оти планира да издвои 60 милијарди долари за спроведување на демографските мерки во Русија во следните шест години, што е за 40 проценти повеќе од претходните шест години.

Рускиот  претседател наведе дека и Русија мора да стане светски центар за обработка и складирање на податоци.

- Со помош на напредните комуникации ќе ги отвориме сите можности на дигиталниот свет за нашите луѓе, како и до 2024 година ќе биде овозможен брз пристап до интернет ширум цела Русија, наведе Путин.