Живот
6. February 2019 - 10:04

Путин израдува болно девојче: Рускиот претседател на малечката Вероника и подари прекрасно кученце

Рускиот претседател Владимир Путин на болно девојче од Приморје му подари кученце златен ретривер, беше објавено на Инстаграм на администрацијата од тој крај.

Како што се наведува, Вероника и нејзината мајка за Нова година му напишале писмо на претседателот на Русија со молба да и подари кученце.

Прес службата на администрацијата укажала дека златните ретривери се корисни за деца со пречки во развој.

 

 

„Кучето е идеална терапија, зошто има мирен и пријателски карактер. Токму затоа активно ги користат за рехабилитација на деца“, објаснија од прес службата.

Тоа е прв новогодишен подарок од претседателот за руските деца: 12-годишната Олга Марушченко доби хаски, марија Котова од Сибир - велосипед, а 11-годишната Ања Абрамова - кученце лабрадор - ретривер.