Балкан
6. July 2015 - 14:56

Путин изрази поддршка за грчкиот народ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас изрази поддршка за грчкиот народ во надминување на поблемите со кои се соочува земјата.

Путин и Ципрас разговарале за резултатите од реферндумот во Грција, кој се одржа вчера поради поставените услови од меѓународните кредитори за одобрување помош за Атина.

Двајцата лидери, исто така, разговарале и за некои прашања за натамошен развој на руско-грчката соработка.