Путин: На пилотот од соборениот авион ќе му биде доделен орден „Херој на Руската Федерација“
На пилотот кој загина во соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 на територијата на Сирија, постхумно ќе му биде доделен орден „Херој на Руската Федерација“, соопшти денеска рускиот претседател Владимир Путин.
- На командантот на авионот постхумно ќе му биде доделена „Ѕвезда Херој на Руската Федерација“, изјави Путин.
Другиот пилот, навигателот на леталото, кој е спасен и се наоѓа во руската воздухопловна база во Сирија, исто така ќе биде одликуван, наведе Путин.
Тој, како и останатите учесници во спасувачката операција ќе примат државно одликување. Министерството за одбрана веќе даде предлози, рече рускиот претседател.
„Херој на Руската Федерација“ е највисоко почесно одликување во Русија, установено во 1992 година, а се доделува за посебни заслуги, лични или колективни подвизи во служба на државата.
Златната ѕвезда е симбол на „Херој на Руската Федерација“.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море