Путин: Немам намера да ја обновам империјата
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека нема намера да ја обнови империјата, еден ден откако ги призна проруските сепаратисти во источна Украина и го негираше легитимитетот на украинската држава.
-Очекувавме дека ќе има шпекулации дека Русија се подготвува да ја обнови империјата – рече Путин за време на средбата во Кремљ со азербејџанскиот колега Илхам Алиев, нагласувајќи дека тоа во никој случај не е точно.
Според него, Украина е во „поинаква ситуација“ бидејќи „територијата на таа земја ја користат трети земји со цел да се креираат закани против Русија“, пренесува МИА.
Русија, исто така, призна две сецесионистички територии во Грузија во 2008 година (Абхазија и Јужна Осетија), го анектира Крим во 2014 година и го поддржува сепаратизмот во Придњестровје, Молдавија, од раните 1990-ти.
Во синоќешниот долг говор Путин ја негираше државотворноста на Украина и ја истакна својата теза дека земјата е вештачка креација неразделна од Русија.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани