Свет
14. December 2017 - 12:52

Путин: Русија ќе ја гарантира својата безбедност без да се вклучи на нова трка за вооружување

Русија ќе посвети големо внимание на развојот на својата армија и флота, но ќе ја гарантира безбедноста без да се вклучува во нова трка во вооружувањето.

- Воените расходи на државата од 2,8 трилиони рубљи во 2018 година нема да се одразат на штета на социјалните програми и нема да ја нарушат руската економија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

На годишната прес- конференција во Москва, Путин нагласи дека САД веќе се повлекле од договорот со Русија за уништување на ракетите со среден и мал дострел. Toj ги предупреди Вашингтон да не се повлекува еднострано од друг руско-американски договор – за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ-3) потпишан во 2010 година.