Живот
1. December 2017 - 13:05

Работи кои мора да се знаат: Кои се најчестите причини за појава на рак?

Повеќе од 40 отсто од случаите на карцином и исто толку смртни случаи од оваа болест можат да се избегнат или да се намалат ако се промени начинот на живот, да се намали пушењето и да се внесува повеќе овошје и зеленчук, пренесе медицинскиот магазин „CA: A Cancer Journal for Clinicians“.

Поради недоволното јадење овошје и зеленчук, ракот може да се развие кај 1,9 отсто од популацијата и да резултира со смрт кај 2,7 отсто случаи, додека инфекција со папилома вирусот резултира со развој на рак кај 1,8 отсто од пациентите, додека смртноста изнесува 1,1 отсто.

Најмногу заболени и последично на тоа починати од карцином кои се поврзуваат со пушењето се 19 отсто. Гојазноста е на второ мести, која кај 7,8 отсто од случаите резултира со развој на карцином. На трето место е алкохолизмот, кој влијае на развој на ракот кај 5,6 отсто од случаите. На четврто место е претераното изложување на ултравиолетово зрачење, а влијае на развој на рак кај 4,7 отсто случаи.

Според податоците од 2014 година, пациентите најчесто заболуваат од рак на белите дробови, а кај 81,7 отсто од случаите, причинител е пушењето. Што се однесува на гојазноста таа е поврзана со 60,3 отсто од случаите на грлото на матката, третина од случаите на карцином на црниот дроб и 11,3 отсто од ракот на дојка, како и 5,2 отсто од ракот на дебелото црево.

Алкохолот е одговорен за речиси половина од случаите на рак на усните и хранопроводот кај мажите, односно четвртина кај жените. Речиси 25 отсто од случаите на рак на црниот дроб кај мажите и 11, 9 отсто кај жените се поврзува со алкохол. Кај жените тоа може во 16,4 отсто од случаите да доведе до развој на рак на дојка.

Ултравиолетовите зраци пак се одговорни за 96 отсто од настанувањето меланом кај мажите и 93,7 отсто кај жените.