Работник постави мексиканско знаме на облакодер во сопственост на Трамп
Канадскиот работник со мексиканско потекло Диего Рејна соопшти дека го поставил мексиканското знаме на врвот на зградата „Трамп Интернешанл Хотел енд Тауер“ во градот Ванкувер, која е во сопственост на американскиот милијардер Доналд Трамп, со цел да го потсети кој всушност го изградил тој облакодер.
Рејна (30) се качил на 40-тиот кат од високата зграда и снимил видео од 43 секунди во кое наведува дека без имигрантите тој облакодер не би постоел, објавија американските медиуми.
- Тоа беше симболичен чин. Кога ќе кажете дека сите членови на моето семејство, моите учители и моите деца кои се уште не се родени се криминалци и силувачи, време е да се преземе нешто, истакна Рејна.
- Оваа зграда денес овде стои благодарение на нас и на нашата работа. Ова знаме на Мексико претставува мал подарок за господинот Трамп, па секогаш кога ќе не осуди за нешто, нека се сети кој ги гради неговите облакодери, додаде Рејна.
Трамп, кој е фаворит за номинацијата на Републиканската партија за овогодинешните претседателските избори во САД, неодамна изјави дека мексиканските имигранти во САД го носат криминалот и дрогата и ги нарече силувачи, што наиде на остри критики од јавноста.
Ново на Сител
-
Кочински: Се очекува постепено намалување на активноста на вирусот на грип
-
Осум лица се уапсени по пронаоѓањето 31 дете во Брчко, во истрагата вклучен Европол
-
Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари
-
Песков: Русија нема намера да ги врати окупираните територии на Украина
-
Град Скопје: Трајановски не може да даде оставка бидејќи е разрешен пред три месеци
-
Заменик-градоначалникот на Град Скопје Александар Трајановски поднесе оставка: „Со јавните претпријатија владее екипа од Сарај и ДУИ“
-
732 санкции за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
-
Работнички последен полуфиналист во одбојкарскиот Куп