Македонија
21. January 2020 - 16:42

Работодавачите не се согласуваат недела да биде неработен ден за малопродажбата

Недела неработен за трговците. Вакво законско решение кое некој земји во регионот почнаа да применуваат, засега е неприфалтиво за македонската економија.  Од организацијата на работодавачи велат дека домашата економија е се уште кревка и со тоа штета ќе се нанесе и на работодавачите и на вработените. Потрошувачката ќе се намали, а тоа може да се одрази и врз платите на работниците.

Граѓаните пак кои се јавија во утринската програма на сител со поделени мислења.

И од ССМ  сметаат дека недела треба да биде ден за одмор, а работниците така ќе бидат попродуктивни.

Во регионот Црна  Гора од скоро  почна да ги применува  измени со кој  недела е прогласен за неработен ден за сите трговци, освен за бензински пумпи, специјализирани продавници, аптеки.  Вакво решение до крајот на февруари ќе донесе и Словенија.  А предлог во недела да не се работи има и во Србија. Во Италија,  Португалија и Франција 80 отсто до работниците не одат на работа  во недела.

Во Јапонија пак на барање на самите компании се донесе решение со кое во текот на работното време на работниците им се дозволува да спијат половина час. Според пресметките на јапонските фирми годишно поради недоволен сон на работниците тие губат 138 милијарди долари.